Полицијата од Чаир ќе поднесе кривична пријава против двајца скопјани на возраст од 36 и 38 година, кои се осомничени дека на 21. октомври нападнале и ограбиле човек во населбата Шуто Оризари.
Како што информираат од МВР, грабежот се случил во куќа во изградба на улицата „Гвадалахара“, каде разбојниците со употреба на сила од оштетениот одзеле пари.
По преземени мерки двајцата скопјани биле уапсени.
Тие се товарат за сторено кривично дело „разбојништво“.