Турските медиуми не престануваат да брујат за Емина Јаховиќ и нејзиниот избраник Садетин Саран, а последната вест која ја објавија, е дека пејачката е во паралелна врска со поранешниот турски кошаркар Ибрахим Кутлај.
Емина и Седетин по минатогодишната криза кога неколку пати раскинуваа, ја обновија својата романса и веќе неколку месеци повторно уживаат во љубовта.
Меѓутоа, турските медиуми сега пишуваат дека пејачката е во центарот на љубовен тријаголник и дека тајно се гледа со поранешниот кошаркар.
Сепак, како што пренесува емисијата „Ексклузивно“, тој е наводно нејзин пријател. Емина и Ибрахим се познавале преки нејзиниот брат, со кој Ибрахим играл кошарка.