Од 10 до 17 ноември во „О2 арената” во Лондон ќе се одржи завршниот Мастерс турнир на кој ќе настапат осумте најдобри тенисери на светот, а со денешната ждрепка, беше одредено Роџер Федерер да се најде во група со Новак Ѓоковиќ.
Во моментов, лидер на АТП листата е Рафаел Надал, а вториот Ѓоковиќ и третиот Федерер, ќе мора да играат еден против друг уште во групната фаза. Во нивната група ќе бидат и Доминик Тим и Матео Беретини.
Другата група ја предводи Надал, а ривали ќе му бидат Данил Медведев, Стефанос Циципас и Александер Зверев. Завршниот Мастерс ќе пресуди и кој тенисер ќе ја заврши годината на првото место на АТП листата. На Ѓоковиќ му треба минимум финале, а Надал да не стигне дотаму.