Хрват кој живее во Австрија му се одмаздил на шефот откао добил отказ од работното место. Неговата одмаза била откриена дури по повеќе од една година.
Мажот кој работел во фабрика до мај минатата година, откако бил избркан ја земал службената картичката од компанијата со која плаќале гориво и со неа со го полнел својот резервоар од автомобилот на две бензински станици, пишува „Феникс“. Гориво си наточил повеќе пати.
Работодавачот увидел што направил поранешниот негов вработен дури по година и пол, а тогаш го пријавил во полиција. Како што пишуваат медиумите, при точењето на горивото не било евидентирано во кое возило се полни резервоарот.
Поради овој пропус Хрватот не бил откриен порано.