OЈО: Не сме забраниле на адвокатите на осомничените организатори за 27 април да ги видат доказите

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција негира дека на одбраната не и бил дозволен увид во доказниот материјал кој се наоѓа во папката за случајот со осомничените организатори за настаните од 27 април. Од Обвинителството за МДК.мк велат дека не е точно дека надлежните обвинители, Ивана Трајчева и Вилма Русковска, кои ја водат оваа постапка не им дозволиле на адвокатите да извршат увид во доказите и додаваат дека на сите засегнати во постапката што побарале да ги видат доказите, тоа им било дозволено согласно законските рамки.

Не е точно дека не бил дозволен увид во доказите за овој предмет. Оние докази со кои ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција располага ги видоа сите кои поднесоа барање за увид. Ние како надлежно обвинителство не сме им го ускратиле правото кое го имаат. За сето ова постојат записници за направен увид“, велат од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Од таму појаснуваат дека можеби се работи за нови докази врз кои до сега не бил извршен увид. Но, најголемиот дел од доказниот материјал кој се наоѓа во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција е виден од одбраната, тврдат од ОЈО за гонење на организиран криминал.

 

Треба да знаете
Последни објави