Додека неколку градови во Европа веќе создадоа специјални сообраќајни ознаки, бојосувајќи класични зебра-премини во боите на виножито за да и оддадат почит на ЛГБТ заедницата и да ги поддржат еднаквите права, еден холандски град тврди дека е првиот во светот што конкретно ги поддржува трансродовите луѓе, пренесува „Спутник“.
Холандскиот град Алмере, недалеку од Амстердам, отвори пешачки премин во три бои за поддршка на трансродовите луѓе. Пешачкиот премин, за кој се тврди дека е прв од ваков вид во светот, е обоен розово за девојчиња, сино за момчиња и бело за оние кои не чувствуваат дека припаѓаат на својот биолошки пол.
Специјалниот премин беше отворен за време на Зимската парада на гордоста во Алмере, што се одржа за промовирање еднакви права на ЛГБТ заедницата.
„Во Алмере, секој може да биде што сака“, изјави алдерманот (клучна општинска позиција во Холандија) Јержи Сетекоу, претставник на социјалдемократите.
Новоотворениот трансродов премин не е првиот спецјален знак на поддршка за ЛГБТ луѓето во Алмере бидејќи веќе има пешачки премин во боите на виножито. Неколку европски градови, меѓу кои и Мастрихт, Лондон, Париз и Хамбург, исто така, имаат вакви пешачки премини.
Реакцијата за овој знак за поддршка на трансродовите луѓе е мешана. Додека некои го поздравија овој потег на профилот на Алмере на Фејсбук, други ја доведоа во прашање законитоста за воведување посебен сообраќаен маркер.
„Сите научивме дека пешачкиот премин е црнобел за предност на сите пешаци. Дали ова значи дека не треба да им давате приоритет на нетрансродови луѓе и да продолжите да возите? Зарем не треба ова да се прилагоди на Законот за сообраќај? “напиша еден коментатор.
Некои беа покритични во врска со идејата, сугерирајќи дека изгледа како шега.