Маж украл електрична количка од Волмарт и ја возел од еден бар до друг за да избегне сообраќајна казна поради пијанство. Брис Кендел Вилијамс (32) од Луизијана е уапсен откако украл електрична количка за хендикепирани лица од Волмарт и ја возел половина километар, откако одлучил да напушти едне бар и да замине во друг.
Полицијата добила поплака дека маж влегол со електрична колична во барот. Кога пристигнале на местото, тие ја пронашле количката паркирана меѓу два автомобила на паркингот на локалот.
Вилијамс изјавил пред полицајците дека сакал да оди во друг бар, но бидејќи се плашел да оди со неговото возило и да биде казнет поради возење под дејство на алкохол, се одлучил да ја украде електричната количка.