Архивирање на сите истражувања во општествените науки и зачувување на овие податоци за долгорочна употреба е целта на архивите на податоци кои постојат во развиените европски земји кои се членки на Европскиот конзорциум на архиви на податоци од општествените науки (CESSDA ERIC), а чија членка од јуни годинава е и Република Северна Македонија. Со ова членство македонските истражувачи имаат пристап до сите европски архиви кои се поврзани на еден систем и до над 21.000 студии на англиски јазик спроведени во изминатите декади како и до уште 9.000 студии на други јазици, кои ќе можат да ги користат за истражувања и публикации, но во наставната дејност.
Ова беше истакнато на денешната конференција во Скопје на тема „Зајакнување и проширување на европската инфраструктура на архиви на истражувачки податоци од општествените науки”. во организација на Европскиот конзорциум на архиви на податоци од општествените науки (CESSDA ERIC) и Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, која од МОН е назначена за институција која ќе ги врши архивирањата.
На конференцијата на која учествуваат претставници на архивите на податоци од повеќе од 20 европски земји, се обрати директорот на CESSDA ERIC, Рон Декер, кој подвлече дека овој значаен истражувачки инфраструктурен конзорциум во Европската Унија е повеќе од архиви, туку станува збор за технолошка платформа, платформа на луѓе кои споделуваат експертиза и веродостојни податоци.
-Тоа е една од најважните одлики на платформата. Ако немате веродостојни податоци, тие нема да можат повторно да се користат. Во однос на европските социјални истражувања, можам да потврдам дека нашата архива досега има повеќе од 130.000 симнувања од интернет од страна на истражувачи, но и од студенти и новинари. Продолжуваме да работиме заедно на унапредување на дизајнот на архивирањето на податоците за да го подобриме пристапот кон архивите. Сите знаеме дека науката е глобална, но поддршката доаѓа од националните влади и истражувачките фондови. Се надевам дека истражувачката инфраструктура ќе биде мост меѓу овие нациопнални и глобални активности, рече Декер.
Анита Цекиќ вонреден професор на ИСППИ која е дел од проектот за националната архива на истражувачки податоци од општествените науки, истакна дека за потребата од ваква архива спроведено е истражување кое покажало дека над 90 проценти од истражувачите во Македонија велат дека таа ќе биде многу корисна за нивната работа и тие би биле волни да ги депонираат своите податоци во еден таков национален сервис.
-Ние го очекуваме буџетот од МОН за да се инсталира опремата која што веќе е обезбедена, да се инсалираат софтверите кои што ќе се користат за сторнирање на тие фајлови во безбедна околина по стандарди и активностите за кои побаравме буџет секако се прво промоција и запознавање на сите истржувачи дека оваа институција се воспоставува, дека може да ги депонираат дата-сетовите кои што ги имаат во моментов кај себе колку што може години наназад за да може ние да ги архивираме и да ја полниме нашата база, вели Цекиќ.
Во моментов во базата се достапни околу 20 истражувања кои се регионални, финансирани од РРПП програмата за истражувања на Швајцарската Влада кои што се спроведувала од 2008-2016 година, меѓу кои има и истражувањата од нашата земја. Се чуваат во швајцарскиот дата архив на Универзитетот во Лозана, а штом биде функционален, односно технички оспособен ќе се преземат од ИССПИ и ќе бидат старна колекција на Институтот која ќе се надополнува.
На конференцијата која продолжува утре, се обратија и министерот за образование и наука Арбер Адеми, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, Никола Јанкуловски, и директорката на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, Бојана Наумовск