Денеска (05.11.2019) околу 12 часот, на регионалниот пат Тетово-Брвеница, со наредба од Казнено-поправната установа „Идризово“, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Џ.Д.(50) од Тетово, осуден на затворска казна за сторено кривично дело „убиство“.
24 Инфо дознава дека станува збор за Џемали Демири, кој е спроведен во КПУ„Идризово“ на доиздржување на затворската казна, од каде претходно избегал.
Основниот суд Тетово во април 2007 година го осуди Демири на 15 години затвор за убиството на Анка Поѓанин (70), што се случи на 7 јануари 2007 година во Тетово во овоштарникот на поранешниот воспитно-поправен дом.
Директорот на „Идризово“, Бобан Мојсовски за 24Инфо потврди дека станува збор за Демири, кој бил во бегство од летото 2018 година, но дека не станувало збор з класично бегство, туку тој по добиеното викенд отсуство не се вратил во затворот.