Холандска атлетичарка осудена на 8,5 години затвор за криумчарење 50 кг дрога

Холандската олимписка атлетичарка Мадиеја Гафур (27) е осудена на осум и пол години затвор за шверц и продажба на дрога. Таа беше уапсена во јуни годинава за време на рутинските проверки на германската граница и во таа пригода, пронајдени 50 килограми таблети екстази, два килограми кристал мета и 11.950 евра во готово во багажникот на нејзиниот автомобил, јави Би-Би-Си.

Гафур по изрекување на казната рече дека ќе се жали, додека Холандската атлетска асоцијација соопшти дека е шокирана од пресудата.

Атлетичарката за време на судењето се бранеше дека не знаеле што носи во автомобилот и дека мислеле носи лекови за допинг. За време на судењето, таа одби да каже кој ја дал дрогата со образложение дека се плаши за семејството и пријателите.

Треба да знаете
Последни објави