Формирањето на новата грчка влада отвори нови можности за подобрување на односите меѓу Москва и Атина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Тој го рече дека ова на почетокот на средбата со грчкиот колега Никос Дендијас, пренесува ТАСС.
„Агендата на нашите односи е доста богата, односите се развиваат на сите полиња од економија до хуманитарна соработка. По доаѓањето на вашата влада, се создадоа можности да се разгледа целиот комплекс на односи и да се договориме за начините на нивното зајакнување“, му рече Лавров на Дендијас.