Мексико не ја сака помошта на Трамп во борбата со нарко-картелите по убиството на американското семејство

На Мексико не му е потребна странска интервенција за да се справи со безбедносните проблеми, реагираше мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор на понудата за помош од американскиот претседател Доналд Трамп по заседата и убиството на американско семејство, пренесува РТ.

Коментарите на Лопез Обрадор се појавија веднаш откако Трамп твитна дека е време Мексико да почне војна со наркокартелите и да ги избрише од лицето на земјата со помош од САД. Во претходниот твит, Трамп рече дека картелите станале толку големи и моќни што понекогаш е потребна војска за да ја порази војската. Подоцна, откако зборуваше со Трамп, Лопез Обрадор му се заблагодари на американскиот претседател за понудата и го уверил дека владините институции на Мексико ќе обезбедат правда.

Девет члена на семејството со двојно американско-мексиканско државјанство, претежно жени и деца, биле убиени кога нивните три возила биле чекани во заседа и нападнати од криминални банди во регионот Сиера Мадре Оцидентал.

Според извештаите, нападот можел да е случај на згрешен идентитет, односно дека групата сметала дека ги нападнала своите ривали. Лопез Обрадор рече дека Мексико е подготвено да работи со ФБИ на случајот ако не се загрозува независноста на Мексико.

Минатиот месец, тешко вооружени припадници на картелот го тероризираа градот Кулиакан возејќи се низ улиците со митралези поставени на возилата, а вооружените престрелки со полицијата траеја со часови. Неколку дена порано, 13 мексикански полицајци беа зачекани во заседа и убиени од вооружени лица на картелитево засебен напад.

Треба да знаете
Последни објави