Скопската Клиника за детски болести доби нов директор. Наташа Алуловска која работи на одделот за неонатологија доаѓа на местото на Катерина Ставриќ, која поднесе оставка уште од пред 7 месеци, дознава Сител. Алуловска како педијатар работи на одделот за неонатологија на клиниката.