Во петок во Белград доаѓа Томас Зарзецки, кој раководи со Работната група 231 на американскиот Стејт департмент, пренесува „Вечерње новости“. Според пишувањата на весникот, таа група е задолжена за примена на санкците кон рускиот безбедносен сектор и кон оние што соработуваат со него. Посетата на Зарзецки е закажа откако во Србија беше објавено дека го купиле рускиот ПВО систем „Панцир-С“.
Прописот за чие споведување е задолжен Зарзецки официјално се вика Закон за спротивставување на американските противници со помош на санкции и предвидува можно казнување на кој било поединец, фирма или држава за која ќе се утврди дека свесно се впуштиле во значајна размена со воениот и разузнавачкиот сектор на Русија.
Овој документ содржи и списоци на фирми од областа на руската наменска индустрија со кои, според американските прописи, е забранета соработка. Меѓу забранетите фирми се и неколку компании со кои Србија соработувала или од нив набавувала воена опрема.
Таму се, меѓу другите, бирото КБП кое го проектирало „Панцир“ и производителот на авиони „МиГ“, како и јавното претприатие РОЕ преку кое се изведува сета продажба на руското вооружување и воена опрема.
На „црната листа“ е и компанијата „Руски хеликоптери“, под која работи и познатиот завод во Казањ кој ги произведува хеликоптерите Ми-17 што Србија ги купи и Ми-35 (убиецот на тенкови), што Србија ги порача, наведува весникот.