Ирачанец во Шведска обвинет за шпионирање за Иран

Шведското обвинителство соопшти дека 46-годишниот Ирачанец е обвинет за шпионирање за Иран  така што собирал информации од ирански бегалци во Шведска, Белгија и Холандија.

Според обвинителот Ханс-Јорген Ханстром, човекот, чиј идентитет не бил откриен, за потребите на Иран собирал лични информации за арапските Иранци, познати како Ахвази, а тоа го сторил претставувајќи се како новинар за арапски портал, пренесува АП.

Треба да знаете
Последни објави