„Приказна за инструментите“ во ООУ „Рајко Жинзифов”

Во ООУ „Рајко Жинзифов”, во Кисела Вода во организација на здружението на музички педагози „Полихимниа” се одржа едукативен час по музичко образование.

На часот, кој се одржа во рамки на проектот „Приказна за инструментите”, учениците од трето и четврто одделение научија нешто повеќе за класичната музика, за примената на музичките инструменти и за тоа како со истите се создава звук/мелодија.

Покрај ова, децата имаа можност на инстурментите на едукаторите-професионални музичари да се обидат да засвират.

„Приказната за инструментите” е приказна за четири прекрасни принцези кои претставуваат по еден инструмент, нејзиното височество флејтата, виолината, виолончелото и нејзината кралица пијаното. По кратката мелодија на секоја од нив следува приказна за настанокот на секој инструмент, неговиот развој во текот на годините и примената во музиката, за на крајот сите инстурменти заедно да музицираат.

Треба да знаете
Последни објави