Се судрија голф и трактор во тетовско, двајца тешко повредени

На 05.11.2019 околу 17.20 часот на регионалниот пат Гостивар – Градец, во Дебреше, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „фолксфаген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управуванo од И.З.(35) од гостиварски Добридол и трактор „имт“ со приколка, што го управувал И.Р.(56) од с.Боговиње, тетовско. Во несреќата, И.Р. се здобил со тешки, а И.З. со телесни повреди и биле пренесени во гостиварската болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. На местото на несреќата увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Треба да знаете
Последни објави