По лошиот старт во второлигашката сезона, две победи, две нерешени средби и седум порази, по што екипата на Кадино се најде на претпоследното место на табелата во западната група Мицевски не е повеќе тренер.
-Нашиот клуб го раскина договорот со досегашниот тренер Мицевски му благодариме за се до сега и му посакуваме успех понатаму. А за нов тренер е назначен еден наш познат тренер со претходна богата домашна и интернационална кариера Никола Илиевски – Џиџи. ФК Кадино му посакува добредојде и многу среќа и успех на новиот тренер“, објави Кадино на социјалните мрежи.