Четиримесечно бебе е убиено откако мајмун фрлил камен врз неговата глава. Несреќата се случила во Утар Прадеш во северна Индија, кога побеснат мајмун зел камен од нивната тераса и го удрил момчето во глава, при што сериозно го повредил.
И покрај брзата реакција на неговите родители, бебето е прогласено за мртво во болницата, соопштија индиските власти. Мајмуните се честа закана во земјата и познато е дека особено ги напаѓаат бебињата стари две недели.
Годинава полицијата почна да ги гаѓа мајмуните со прачка со надеж дека барем ќе ги исплаши, но тоа немаше некој голем успех.