ВМРО-ДПМНЕ: Центарци наседнаа на лагите кои им ги ветуваше Богдановиќ за време на локалните избори

Поминаа две години од мандатот на Саша Богдановиќ како градоначалник на Општина Центар.        Две години на лаги, неработење и неостварени ветувања .Очигледно е дека Центарци наседнаа на лагите кои им ги ветуваше Богдановиќ за време на локалните избори.

Наместо на решавање на реалните проблеми со кои што се соочуваат граѓаните тој се занимава со работи кои немаат ефект во квалитетот на живеењето на жителите на Центар.

ВМРО-ДПМНЕ е овдека да ги потсети граѓаните на дел од лагите и ветувањата што им ги даде на жителите во Изборната програма.  Затоа прашуваме:

До каде е изградбата на мултифункционалната сала на Работнички што ја ветивте пред изборите, па дури направивте и спот и видео по тој повод?

До каде е изградбата на гасификацијата и колку домаќинства приклучивте на неа?

До каде е модерното вертикално зеленило на зградите? Да ве потсетам дека имате дури и илустративна сликичка во вашата сликовница наречена „План за Живот“.

Господине Богдановиќ дали знаете дека се уште има делови на општината кои што немаат канализација и луѓето живеат како во минатиот век.

До каде е изградбата на градинката во Маџар Маало и стационарот за кучиња?

Имате исто така обврска да дадете одговор до каде се реконструираните 40 улици кои што ги имате набројано во вашата програма?

Свесни ли сте дека ветивте изградба на кула за прочистување на воздухот со кој што Центарци ќе дишат Алпски воздух.

До каде е нивната изградба?

До каде е чистиот воздух што го ветувавте? Сте ги погледнале ли мерните станици надвор да видите дека се гушиме?

Почитувани,

Богдановиќ освен гол популизам и фалби со туѓи проекти, не направи ништо корисно за општината. Со импровизации на диво и со позајмени клупи од други училишта го отвори училиштето во Капиштец.

Нема потреба да зборуваме за пропаднатите проекти на Богдановиќ. Доволно е граѓаните да ја отворат неговата сликовница „План за Живот“ и ќе видат со кои лаги ги освои на локалните избори.

Богдановиќ ќе остане запаметен како градоначалник по непотизмот и партиските вработувања во општината и во ПОЦ.

ВМРО-ДПМНЕ останува доследна партија која што секогаш се залага за интересите на граѓаните.

Затоа и го потсетуваме градоначалникот да почне со работа и да ги исполни ветувањата дадени во неговата програма.

Две години изминаа, наредните две години брзо проаѓаат.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ е овдека да ги порази лагите, непотизмот и не убавото владеење на Богдановиќ во Општина Центар.

 

  

Треба да знаете
Последни објави