Лаворов го повика Техеран да ги исполни обврските од нуклеарниот договор

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска упати апел до Иран да ги исполни условите од Мултилатералниот договор за иранската нуклеарна програма (ЈЦПОА), при тоа додавајќи оти разбира зошто Техеран ги намалува своите обврски.

– Тоа што се случува со нуклеарниот договр е крајно алармантно, посочи Лавров.
Тој за состојбата со ЈЦПОА ги обвини САД, кои минатата година се повлекоа од договорот и повторно воведоа санкции кон Техеран.

Во присуство на инспектори на од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во нуклеарната постројка Фредо денеска почна вбризгувањето на ураниумски гас во центрифугите во својата подземна нуклеарна постројка Фродо.

Тоа е четврти чекор на Техеран за намалување на почитувањето на обврските од нуклеарниот договор потпишан со светските сили во 2015 година.

Треба да знаете
Последни објави