Спасовски: Во континуитет работиме на сузбивањето на криумчарењето мигранти

Неодамна откриената група на мигранти не е последна, ниту прва, во континуитет работиме на сузбивањето на криумчарењето мигранти и на трговијата со луѓе, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој одговарајќи на новинарско прашање во Валандово, каде ја посети реновираната полициска станица, нагласи дека на мошне високо ниво е подигнато откривањето на криумчарењето мигранти.

-Фактот дека еден од нашите врвни приоритети беше како да ги зајакнеме капацитетите во борбата против нелегалната миграција и криумчарењето на луѓе беше формирањето на националната агенција за нивно сузбивање,тоа дава резултати, додаде Спасовски.

Тој посочи дека повеќе криминални групи веќе се разбиени и дека секојдневно се работи на откривање или сузбивање на илегалната миграција.

Треба да знаете
Последни објави