Бјелица: ВАР е обично сра*е

Повеќекратниот хрватски првак Динамо Загреб, предвден од македонскиот репрезентативец Аријан Адеми неуспеа да сочува да гола предност на „Максимир“ во судиското надополнување на времето во 4. коло од групната фаза во Лигата на шампионите против украинскиот Шахтјот (3:3). Динамо на неверојатен начин загуби два бода и наместо чекор поблиску до европската пролет напрачи чекор подалеку, бидејќи сега Шахтјор со кого имаат ист број на бодови има подобар меѓусебен скор, во Украина беше (2:2).

Во Динамо сметаат дека во финишот од првото полувреме имале две ситуации по кои требало да им биде досуден пенал, еднаш над Петковиќ, а потоа над Адеми. По разгледувањето на повторените снимки и хрватските медиуми се согласија дека немало ситауации за пенал, но тренерот на Динамо Загреб, Ненад Бјелица распали по ВАР-технологијата.

-Ако не сакаат да го гледаат тоа, што ќе ни е тој ВАР! Тоа е обично сра*е. Што се однесува до мене, не треба ниту да го има. Тоа стана циркус во Англија и Италија, поголемиот дел од тренерите веќе се бунат. Јас сум апсолутно против ВАР, тој ги убива емоциите, го убива фудбалот, рече нервозниот тренер на Динамо, Бјелица.

Треба да знаете
Последни објави