Ако му се верува на германскиот спортски весник „Кикер“, легендарниот француски фудбалски стратег кој дведецении помина на клупата кај англискиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер утре ќе биде промовиран за нов тренер на Баерн Минхен. Според весникот Венгер и Баерн договориле соработка до крајот на сезонава.
Баерн пред неколку дена му врачи отказ на Хрватот Нико Ковач по срамниот пораз во Франкфурт од Ајнтрахт 1-5. Сега тимот го предводи Ханс Флик, асистент од стручниот штаб на Ковач.