Головите му донесоа на Јаховиќ место во иделниот тим за месец октомври во Турција

Поранешниот макеоднски репрезентатвине напаѓач и прв стрелец во тековниот труски фудбалски шампионат Адис Јаховиќ со девет постигнати погодоци, благодарение на головите постигнати за својот тим Малатијаспор се најде во идеалниот тим за месец октомври.

Јаховиќ заедно со Александер Шорлот од Трабзонспор се предводници во идеалниот тим во  формацијата 4-4-2. Голгетерот на Малатијаспор во октомври постигна пет голови на три натпревари. Четири пати ја погоди мрежата на Денизлиспор, а еднаш се запиша во листата на стрелците и против Кајзериспор.

 

Треба да знаете
Последни објави