Најмалку четворица демонстранти загинаа, а повеќе од 35 беа повредени во центарот на Багдад кога полицијата отвори оган за да ги растури антивладините протести, соопшти полицијата.
Судирот се случил во близина на мостот Шухад, изјавија извори за „Ројтерс“.
Ирак е зафатен со протести кои се одвиваат во главниот град Багдад, како и низ повеќето негови јужни провинции. Безбедносните сили убија десетици луѓе.
Протестите се продолжение на демонстрациите организирани од економски причини на почетокот на октомври.



