Полскиот амбасадор во земјава, Војциех Тицињски, денеска ја посети Општина Чашка каде се сретна со градоначалникот Горан Стојановски. Двајцата потоа заедно ја посетија градинката „Бамби”, која е во склоп на ОЈДУ „Димче Мирчев” од Велес, каде направија увид во топловодниот систем на пелети вреден 8,5 илјади евра донација на Амбасадата на Полска.
Амбасадотот и неговиот тим од Амбасадата искажаа задоволство од реализацијата на проектот .
-Јас и нашата Амбасада на Полска ги подржуваме малите заедници, особено заедниците со деца, што посебно не радува, потенцира Амбасадорот Тицињски.
Градоначланикот Стојановски со чие посредство е реализиран проектот потенцира дека тоа ќе значи енергетска ефикасност на објектот и подобрување на условите за престој на најмладите-дечињата.
-Најдобрата инвестиција е кога се инвестира во децата, и затоа таа се враќа, а воедно се заштедува енергија и пари, кои потоа ќе се пренаменат за други потреби за децата, потенцира Стојановски.
Директорката на ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев ” Евгенија Карбева Лукаровска, потенцира дека овој проект ќе овозможи потопли простории на градинката и воедно за подобрување на воспитно образовните услови на децата кои престојуваат во неа.
Таа информира дека моментално имаат 20, а градинката е со капацитет за 50 деца. Тоа значи дека во неа има слободни места и ги повика заинтересираните родители да ги запишат своите деца
Инаку, градоначалникот Стојановски најави дека во наредната година планира осамостојување на детската градинка „Бамби” како посебен правен субјект под ингеренции на Општина Чашка.
Објектот на детската градинка со новиот топловоден систем стана енергетски ефикасен, ќе има погоема топлина за децата кои таму престојуваат, а ќе штеди енергија и средства. Со истиот систем освен градинката ќе се затоплуваат и просториите на иснтитуциите кои се поврзани со градинката – Катастарот, Центарот за социјална работа и на Матичната служба.