Зоран Заев е најголемиот измамник.
Зоран Заев три години ги лажеше граѓаните дека е промашена трасата на автопатот Кичево – Охрид. Благој Бочварски призна дека Заев лажел. Трасата не била промашена, патот не е мрднат од мртва точка заради неспособноста на СДСМ, а има нови анекси на договорот тешки 200 милиони евра.
Зоран Заев ги лажеше родителите на убиените деца од Смилковско езеро. Во моментов и тие што беа осудени се на слобода. Никој не одговара за грозоморното злосторство.
Зоран Заев ги лажеше граѓаните за смртта на Никола Младенов. Нема нова истрага, нема никаков сомнеж за неговите тврдења дека не станувало збор за сообраќајна незгода.
Зоран Заев ги лажеше граѓаните дека ќе го продаде владиниот Мерцедес и дека ќе купи амбулантни возила. Зоран Заев и високите државници кои доаѓаат во Маледонија се превезуваат во мерцедесот, а наместо возила за итна медицинска помош, Заев си купува хелихоптери.
Зоран Заев ги лажеше граѓаните дека ќе ги зголеми пензиите. Пензиите не ги зголеми.
Зоран Заев и СДСМ ги лажат граѓаните. Зоран Заев и СДСМ треба да си заминат. Не им поминуваат лагите на Заев и СДСМ повеќе.
По 12 април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ.”