Премиерот Зоран Заев во денешна изјава за медиумите истакна дека верува дека екс-премиерот во бегство, Никола Груевски ќе ја отслужи својата затворска казна. Според него, порано или подоцна секој што прекршил закони и сторил какво било кривично дело, ќе седне на обвинителна клупа.
-Никола Груевски беше слободен граѓанин се додека судот не издаде наредба за наегово донесување за издржување на казната. Два дена претходно, тој ја напушти државата. Светот е глобално село, никој не може да избега од казната. Јас очекувам дека брзо ќе дојде моментот кога секој ќе си ја отслужи казната, вклучителни и Никола Груевски, рече Заев