Македонската женска фудбалска репрезентација в петок (18 ч.) против Австрија на Националната Арена “Тодор Проески” ги продолжи квалификациските обврски за Европското првенство. Селекторот на Македонија, Кирил Изов вели дека подготовките течат во најдобар ред и се надева во борба до крај, иако на овој натпревар нашата селекција ќе биде ослабена без капитенката Наташа Андонова и Романа Трајковска.
–Веќе неколку денови се подготвуваме во Скопје за претстојниот натпревар против Австија. Нашата репрезентација е ослабена за овој дуел бидејќи не можеме да сметаме на капитенот Наташа Андонова поради повреда, а од истата причина ја немеме ниту Романа Трајковска. Австријките се силна репрезентација, фаворити за победа на утрешниот дуел, но сепак се надевам дека ќе се бориме во текот на сите 90. минути и ќе биде убав фудбалски натпревар на Националната арена, вели селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кирил Изов.
Во групата лидер е Австрија со 6 бода (два натпревари), Србија има 6 бода (три натпревари), Француска 3 бода (еден натпревар), Македонија 3 бода (три натпревари) и Казакстан без бодови (три натпревари).