Јужна Кореја денеска објави дека депортирала двајца државјани на Северна Кореја, бидејќи било утврдено дека убиле 16 рибари, а потоа избегале во Јужна Кореја.
Министерството за обединување на Јужна Кореја објави дека двајцата државјани на Северна Кореја биле пронајдени во брод јужно од морската граница во саботата.
Истрагата подоцна утврдила дека тие убиле 16 колеги и избегале во Јужна Кореја, се вели во соопштението на Министерството.
Портпаролот на Министерството, Ли Санг-мин изјави дека тие биле протерани од Јужна Кореја и дека Пјонгјанг претходно бил информиран.
Деталите за убиството на рибарите засега не се познати