Најдобрата македонскафудбалска судијка со знакот на ФИФА, Ива Пројковска е делегирана од УЕФА да ја дели правдата на квалификацискиот натпревар меѓу Белгија и Литванија за пласман на ЕП во женска конкуренција. Средбата ќе се одигра на 12. ноември.
На Пројковска ќе и помагаат Елена Соклевска-Илиевски – Вјолца Изеири, четврта судијка ќе биде Ирена Велевачковска.