Руската морнарица во Медитеранот вежба одбрана на Сирија

Руското Министерство за одбрана објави снимка од руската морнарица, како и од воздушните сили кои имаат заеднички вежби на Медитеранот. Како што кажа капетанот Сергеј Тронев, морнарите и пилотите на авионите имаат задача да обезбедат „група и територија на самата Сириска Арапска Република од поморска насока“.

Министерството соопшти дека во вежбите учествуваат руските фрегати „Адмирал Макаров“ и „Јарослав Мудри“. Во воените вежби се распоредени летала како што се авионите за рано предупредување и контролните авиони Бериев А-50 и Сухој Су-35.

Треба да знаете
Последни објави