Тренерот на англиската репрезентација Герет Саутгејт го објави составот за евроквалификациите со Црна Гора и Косово.
Во составот се враќа играчот на Ливерпул, Алекс Окслејд-Чемберлен. Медиумите на Островот, сепак, се изненадени што капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш, кој е главен играч на Вила оваа сезона, не е повикан.
Еве го целиот состав на Англија:
Голмани: Том Хитон (Астон Вила) Џордан Пикфорд (Евертон) Ник Поуп(Барнли)
Дефанзивци: Трент Александар-Арнолд (Ливерпул), Бен Чилвел (Лестер Сити), Џо Гомез (Ливерпул), Хари Мегваер (Манчестер Јунајтед), Тајрон Мингс (Астон Вила), Дени Роуз (Тотенхем), Џон Стоунс (Манчестер) Фикајо Томори (Челзи), Киеран Трипиер (Атлетико Мадрид)
Среден ред: Рос Баркли (Челзи), Фабијан Делф (Евертон), Џордан Хендерсон (Ливерпул), Џејмс Медисон (Лестер), Мејсон Маунт (Челзи), Алекс Окслејд-Чемберлен (Ливерпул), Дуклан Рајс (Вест Хем) Хари Винкс (Тотенхем)
Напаѓачи: Тами Абрахам (Челзи), Калум Хадсон-Одои (Челзи), Хари Кејн (Тотенхем), Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед), Џејден Санчо (Борусија Дортмунд), Рахим Стерлинг (Манчестер Сити), Калум Вилсон (Борнемут).