Северна Кореја предупреди дека планираните воени вежби од страна на Соединетите Американски Држави и Јужна Кореја наредниот месец ќе се сметаат за „гасење на искрата од нуклеарните преговори” помеѓу Вашингтон и Пјонгјанг
Од почетокот на нуклеарните преговори минатата година, САД и Јужна Кореја или откажаа или го намалија бројот на редовни воени вежби за да создадат простор за дипломатија, но Северна Кореја се уште смета дека нивната цел е да вежбаат инвазија.
Официјален претставник на Северна Кореја, Квон Џонг Гун ги обвини САД дека се обидуваат да продолжат со заеднички воени вежби со Јужна Кореја во декември.
Пјонгјанг „никогаш нема да остане нем набљудувач на непромислени воени потези, предупреди Квон.