На 06.11.2019 во 18.10 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“, од слобода бил лишен Ј.А.Л.(22) од Данска. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Од МВР информираат за уште едн обид за нелегален премин на Кубанци во грија, кои зачестија изминативе месеци.
На 06.11.2019 во 19.45 часот кај манастир ,,Св. Илија’’ во реонот на Граничен премин „Меџитлија“, во близина на граничната линија помеѓу Р.С.Македонија и Р.Грција, од слобода биле лишени П.Р.Е.(44) и Р.Т.Л.М.(33), двајцата од Куба, поради тоа што биле затекнати при обид незаконски да ја преминат државната граница. Тие биле приведени и предадени на полициски службеници од СВР Битола за понатамошна постапка.