Училишниот хор на папагалот му отпеа роденденска песна, а беше послужена и тората која можат да ја јадат и луѓе и птици. Шарениот амазонски папагал е училишен миленик уште од 1988 година. Преживеал дури и пожар кој во 1991. година уништил дел од училишната зграда.
Учениците се грижат за Сим, го хранат и го чистат неговиот кафез секој ден. Во училиштето бил преселен откако се затворила продавница за играчки каде што дотогаш живеел. Овој папагал е во длабока старост за својот вид затоа што просечниот животен век на амазонските папагали е 50 години.
Една ученичка рече дека Сим е прекрасен пријател со која ужива да го минува времето кога е осамена. Заменик директорката на училиштето, Џес Дојл, која работи таму веќе 30 години, вели дека Сим е исклучително важен за училиштето.
„На пример, кога ќе пристигнат нови ученици, кои можеби не зборуваат англиски, ние ги носиме кај Сим за да можат побрзо да се прилагодат на новото опкружување. На нашиот остров сигурно има илјадници поранешни ученици на кои Сим им останал во среќно сеќавање“, истакна Дојл.
Џерси по област и население е најголемиот остров во групата Каналски Острови