Хаосот во соблекувалната кај италјанскиот фудбалски калчолигаш Наполи продолжува. Од клубот одлучија да завладее молк. Нема информации како ќе се надминува резултатската криза во Серија А, непослушноста на играчите кои одбија да заминат во карантин по поразот од Рома и ремито во ЛШ со Салцбург. Тренерот Карло Анчелоти кој со својот стручен штаб замина во карантин, веќе не зборувал со играчите… Италијанските медиуми пренесуваат дека Аурелио Де Лаурентис, првиот човек на Наполи одлучил да ја расчистува хаотичната ситуација со парични казни. Секој фудбалер од тимот да биде казнет со пет отсто од месечната плата за непочитувањето на неговата одлука околу заминувањето во карантин.
„Газета Дело Спорт“ објави дека најплатените фудбалери како Дрес Мертенс, Лоренцо Инсиње и Калиду Кулибали ќе треба да платат околу 25.000 евра, додека останатите помалку во зависност од тоа колку заработуваат. Во случајов, пет отсто од месечната плата на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се некаде околу 5.000 евра.
Покрај казните италјанските медиуми дознаваат дека Де Лаурентис веќе донел одлука ѕвезди од тимот да бидат продадени во зимнскиот преоден рок.На таа листа се Инсиње, Мертенс и Алан како иницијатори за бунтот против „карантинот“, а сите фудбалери застанале зад оваа одлука.