Кабинетот на претседавачот со претседателството на Босна и Херцеговина, Жељко Комшиќ, соопшти дека утре ќе го повика на разговор амбасадорот на Франција во БиХ Гион Русин, поради изјава на францускиот претседател Емануел Макрон дека „Босна е темпирана бомба која чука веднаш до Хрватска”.
Од Гиом ќе се бара да ги разјасни ставовите на Макрон, соопшти Кабинетот на Комшиќ.
Францускиот претседател во интервјуто за „Економист” рекол и дека што се однесува до регионов во прашање не биле ниту Македонија, ниту Албанија, туку Босна и Херцеговина поради тоа што се соочува со проблемот со враќање на џихадистите.
– Ако сте загрижени за овој регион (Западен Балкан), првото прашање не се ниту Северна Македонија ниту Албанија, туку БиХ. БиХ е темпирана бомба која чука веднаш до Хрватска и се соочува со проблемот на враќање на џихадистите, рече Макрон.