Случај со напад, веројатно расистички, во училиште во Солун истражува грчката полиција, по пријава дека 12-годишно момче од Кувајт вербално, но и со нож било нападнато од непознати лица, јави дописничката на МИА од Атина.
-Според пријавата, на пат кон училиште, двајца непознати млади лица, маскирани, му се приближиле и откако го запреле, туркајќи го на земја, вербално му се заканиле и го изгребале со нож на левата рака, соопштуваат од грчката полиција и додаваат дека се чекаат и резултатите од лекарските испитувања.
Според грчките медиуми, директорот на солунското училиште пријавил во полиција дека непознати сторители му се заканувале на 12-годишниот ученик од Кувајт да не се појави повторно во училиштето.