Економскиот и социјалниот јаз помеѓу Западна и Источна Германија исчезнува, објави германскиот Институт за економски истражувања.
Во пресрет на 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, што ќе се одбележи во Германија оваа сабота, Институтот објави извештај во кој потсетува дека стапката на невработеност на подрачјето на поранешна Источна Германија во 2005 година била 20,6 проценти и двојно поголема отколку во тогашната Западна Германија.
Сојузните држави во составот на поранешна источна Германија исто така фаќаат чекор со западниот дел од земјата кога станува збор за продуктивноста.
Стапката на невработеност во 2018 година беше нешто над пет проценти во Западна Германија и меѓу седум и осум проценти во Источна Германија, покажува истражувањето на Институтот.
Во 2018 година, мерено според бруто-додадена вредност по работник, таа изнесуваше 83 проценти од споредлива вредност во поранешна Западна Германија, посочува Институтот.
Тоа значи дека изнесува повеќе од двојно во однос на периодот веднаш по падот на комунизмот.
Разликите кои се уште се забележуваат „произлегуваат од помали компании и помал удел во седиштето на големите компании” на исток, заклучуваат авторите на студијата.