По враќањето од мисионерскиот пат низ Африка, две калуѓерки дознале дека се бремени. Претствници на Римокатоличката црква го истражуваат овој случај. Двете калуѓерки се со потекло од Африка и се припаднички на различни редови на Сицилија, една престојува во Месина, а другата во градот Испик.
Едната 34-годишна монахиња открила дека е бремена по што отишла во болница со силни болки во стомакот, пишува „Газета дел Суд“. Другата монахиња, со потекло од Мадагаскар, бремена е веќе неколку месеци.
Сицилијанскиот советник, Руџеро Раца, најави отворање интерна истрага за тоа како како станале јавни информациите за бременоста. Калуѓерките ќе можат да бираат дали ќе ја напуштат службата и ќе ги одгледуваат своите деца.
Папата Франциск на почетокот на оваа година за првпат призна дека Римокатоличката црква има проблем со свештениците и бискупите кои сексуално ги злоупотребуваат калуѓерките. Не е познато дали калуѓерките се злоупотребени во овој случај.