Лице на возраст помеѓу 25 и 30 години вчера вчегло во Наплатен центар на „Македонски пошти” на ул.„Нада Бутникошарева” во Велес, кај Градскиот пазар и со закана од вработените одзело пари.
Како што информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, кражбата била пријавена вчера околу 13.00 часот и оти полицијата трага по извршителот.
Екипи на СВР Велес извршиле увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.