Над 30 лица останале заробени бо рудник во централна Германија, откако во наоѓалиштето одекнала силна експлозија. Според првичните информации, повредени се двајца рудари.
Експлозијата се случила во 9 часот наутро во германската сојузна држава Саксонија. Заробените рудари, наводно, се безбедни во засолништето. Во тек е акција за спасување. „Билд“ пишува дека 38 лица останале 700 метри под земја.
Рудникот Тојтшентал, кој работи од почетокот на минатиот век, беше затворен во 1982 година, а во текот на изминатите 15 години, површина од 14 квадратни километри е претворена во депонија за минерален отпад.
Претходно, рудникот бил наоѓалиште на калиум