Изјава за медиуми, Дарио Шимиќ, претседавач во Совет на Oпштина Кисела Вода
„Локалната власт предводена од СДСМ и градоначалникот Филип Темелковски продолжуваат со реализација на ветувањата од изборната кампања. Во таа насока е и новото детско игралиште во дворот на ООУ „Кузман Шапкарев” во населба Драчево.
Игралиштето се простира на површина од 350 метри квадратни и истото е уредено со реквизити за забава, урбана опрема, клупи, корпи за отпадоци. Создаваме подобри услови за рекреација каде што најмладите го поминуваат слободното време. Претходно, во ООУ „Рајко Жинзифов” во Драчево беше отворена и пуштена во употреба новата изградена училишна спортска сала. Оваа фискултурна сала во ООУ „Рајко Жинзифов” е со површина од 588 метри квадратни, и истата е повеќенаменска, каде младите тренираат и вежбаат различни спортски дисциплини.
Грижата за најмладите во општина Кисела Вода е на прав пат!
Почитувани,
Во изминатите две години општина Кисела Вода,реализирраше низа мерки и проекти кои се од суштинско значење за граѓаните од оваа општина. Изградивме повеќе нови детски игралишта со реквизити за детска игра. Во Паркот Пушкин, две нови во паркот Шопен, во Паркот Македонија, како и ново игралиште во рамките на ООУ „Партенија Зографски”. Паралелно, извршивме санација на сите постојни детски и спортски игралишта во општина Кисела Вода. Ова се само дел од досегашните реализирани проекти во нашата општина.
Секако, не застануваме тука, општина Кисела Вода во наредниот период со ист интензитет ќе работи на голем број проекти и мерки кои значително ќе го подобри животот на граѓаните од оваа општина. Општина Кисела Вода со ова покажува дека е на прав пат.“