Повеќе од 60 здравствени установи во сириската провинција Идлиб се погодени во последните шест месеци, а само оваа недела цел на напад биле четири болници, соопшти денеска во Женева портпаролот на Комитетот на ОН за човекови права Руперт Колвил.
Тој рече дека изгледа како силите блиски до сириската влада намерно да ги гаѓале медицинските објекти.
– Не можеме да утврдиме дали секој поединечен напад бил намерно изведен, но големиот број вакви напади…силно сугерира дека силите блиски до владата, изведувајќи воздушни напади, делумно, ако не и сите, намерно целеле некои здравствени објекти, рече Колвил.
Претставникот на ОН вели дека доколку се докаже дека некој од овие напади бил намерно изведен, тоа би се сметало за воено злосторство.