Судот во Њујорк му наложи на американскиот претседател Доналд Трамп да плати два милиони долари по тужбата дека ја злоупотребил неговата хуманитарна фондација за политички и деловни интереси. Судијата Селијан Скарпула, исто така, го одобри договорот за затворање на фондацијата на Трамп и за поделба на преостанатите 1,7 милиони долари на други непрофитни групи.
Обвинителството во Њујорк лани поднесе тужба во која наведе дека Трамп и членови на неговото семејство нелегално ја користеле фондацијата за деловни интереси, но и за кампањата за претседателските избори во 2016 година.
Обвинителството бараше Трамп да плати 2,8 милиони долари отштета, но судијата го намали износот. Адвокатите на фондацијата за тужбата рекоа дека е политички мотивирана.