Бразилскиот фудбалски интеранционалец Хуан Фелипе кој пред три месеци одлучи да се врати во Македонија и да го обелече повторно „црвено-црниот“ дрес, овојпат на Шкендија повторно е слободен играч. По неуспешната авантура во Каират, каде замина од редовите на Вардар, Филипе не ги пружи очекуваните партии и во редовите на актуелниот шампион Шкендија, па раковдството на тетовскиот прволигаш одлучи спогодбено да ја прекинат соработката со Бразилецот.
– Шкендија и бразилскиот фудбалер дојдоа до решение за спогодбен раскин на договорот. Челниците на клубот и фудбалерот на состанокот одржан неодамна дојдоа до заклучок дека во овој момент најдобро за двете страни е договорот да биде раскинат порано од предвиденото. Шкендија му се заблагодарува на Фелипе и му посакуваме среќа во иднина -се вели во соопштението на Шкендија.