Милијардерот Мајкл Блумберг сериозно размислува да влезе во трката за претседател како номинација од Демократската партија. Поранешниот градоначалник на градот Њујорк е загрижен од моменталните кандидати од Демократите, кои според него, не се доволно добри за да го победатДоналд Трамп на изборите во 2020 година.
Се очекува 77-годишниот Блумберг оваа недела да ги потпише документите за примарната Демократска претседателска кампања во Алабама. Вкупно 17 кандидати моментално се во трката против Трамп.
Поранешниот потпретседател Џо Бајден, Сенаторот на Масачусетс, Елизабет Ворен и Сенаторот на Вермонт, Берни Сандерс се Демократските кандидати.
Некои анализи велат дека Ворент и Сандерс кои се сметаат лево од Бајден, иако ја добијат партиската номинација, сепак би можеле да ги загубат изборите против Трамп.