Жена (54), која во Бугарија ја продала ќерка си на друга жена за 100 евра, одговарала пред судот во Германија откако е обвинета дека во 2006 година, тогашната 15-годишна тинејџерка ја одвела во Дортмунд и терала на проституција.
„Само плачев“, изјавила жртвата која денес има 29 години, на почетокот од судењето во покраинскиот суд на Дортмунд.
Во тужбата е наведено дека обвинетата, која исто така е Бугарка, ја упатила жртвата во сексуалната пракса за потоа да ја присилува на проституција во јавна куќа во Дортмунд, ветувајќи и награди.
Уште првата вечер тинејџерката имала 8 муштерии, а според сопствените зборови, не знаела што ја очекува во Германија.
„Не знаев што ќе правам во Германија“, изјавила таа во судот.
Се што заработувала морала да предаде на својата „мачителка“, а кога во една прилика сокрила 80 евра во градникот, добила ќотек. Таа не се осудувала да побегне бидејќи била премногу исплашена.
Сопругот на Бугарката бил осуден на 5 години и 8 месеци затвор, меѓу другото, поради трговија со луѓе во областа на сексуално искористување, а неговата сопруга била подоцна уапсена.